Верона ја наполни мрежата на Удинезе и се пофали со личен рекорд

121

Екипата на Верона забележа убедлива победа против Удинезе во 25. коло на Серија А. Тимот од градот на Ромео и Јулија славеше со 4:0, а во листата на стрелци се запишаа четири различни фудбалери. Во првото полувреме погодија Депаоли и Барак, а во второто Капрари и Тамезе.

Ова е најубедливата победа на Верона над овој противник, а исто така тимот предводен од Игор Тудор постави личен рекорд.

Прв пат откако игра во Серија А Верона добила четири натпревари со четири и повеќе постигнати голови во една сезона. Претходно никогаш немала три такви победи, а оваа сезона има дури пет.

Да потсетиме, претходно Верона славеше над Специја со 4:0, па над Лацио со 4:1, Венеција со 4:3, против Сасуоло со 4:2 и сега со Удинезе 4:0.

Попладнево Милан славеше над Сампдорија со 1:0, а по тој меч се одиграа три и освен овој во Верона, на „Карло Кастелани“ Емполи и Каљари одиграа 1:1, а со ист резултат заврши и мечот Џенова-Салернитана.

ПретходноЛиверпул добар кај Барнли, Волфси ја продолжија агонијата на Тотенхем (ВИДЕО)
СледноРојс и Гереиро ја водеа Борусија до убедлива победа над Унион