Вечер се игра 56. Супербоул: Дуел на екипи од кои не се очекуваше пласман во финалето!

201

Во недела кон понеделник (00.30 часот по средно европско време) се игра 56. издание на Супербоул на „СоФи“ стадионот во Калифорнија. На мегдан ќе излезат Лос Анџелес Рамс и Синсинати Бенгалс.

Тоа ќе биде дуел на екипи од кои не се очекуваше место во финалето. Рамс преку драфтот се ослободија од дел од своите играчи отварајќи простор за ветерани како Метју Стафорд, Вон Милер, Џален Рамси, Одел Бекам џуниор, а на другата страна Бенгалс стигнаа до финалето на крилата на младите сили како Џо Бароу, Џо Миксон, Те Хигинс..

На ова финале прв пат во нема да биде некој од првите три носители од било која конференција. Рамс се фаворити, но Бенгалси не треба да се отпишат лесно затоа што важат за многу непридвидлив тим.

Рамс до сега играле четири финалиња на Супербоул, а титулата ја освоија само еднаш и тоа во 2000 година. Бенгалс до сега само два пати играле во финале и тоа во 1982 и 1989 година и два пати изгубиле од Сан Франциско фортинајнерс.

За крај билетите за овогодишното финале достигнаа цена од 5,882 долари, а некои ВИП билети се продавале и за 81.000 долари.

ПретходноРома се спаси од пораз во 94. минута (видео)
СледноСерхио Рамос не игра против своите