Генијалниот потег на капитенот на Челзи!(ВИДЕО)

177

Она што вчера го направи Цезар Аспиликуета, капитенот на Челзи за време на финалето на Свстското клупско првенство против Палмеирас, може да се каже дека во најмала рака беше генијално.

Имено беше досуден пенал за Челзи по фаулот направен врз Шпанецот, и тој ја зема топката, потоа ги “излажа“ Бразилците дека тој ќе го изведува казнетиот удар и тоа на резултат 0:0. Јасно беше дека тоа е решавачкиот момент на ова финале. Притоа врз себе ги истрпи сите навреди, некоректни дофрлувања, вуду – магии на противничките играчи,за да потоа следуваше шок. Асполикуета му ја да даде топката на Каи Хаверц кој ладнокрвно, мирно како вистински Германец, а притоа целосно сконцентриран, успеа да погоди и да му го донесе пехарот на Челзи.

Секоја чест за капитенот на европскиот и светски првак, тимот на Челзи.

ПретходноАндонова погоди за триумф на Леванте
СледноМилан минимално но доволно против Сампдорија (ВИДЕО)