Големото дерби во 19.коло меѓу Шкупи и А. Пандев му припадна, апсолутно заслужено на лидерот на табелата. Триумф од 2:1, големи три бода со што се чини дека и и дефинитивно ги “откачи“ струмичани од битката за титулата.
Се разбира дека во преден план беше Сандеј Адетунџи кој со два гола донесе пресврт и радост кај сите во клубот од Чаир.
Можеби првото полувреме не беше баш толку сјајно за четата на Гоце Седлоски, но во второто, во финишот иако има и играч помалку, покажаа дека во моментов се нашата најквалитетна екипа. Шкупи покажа моќ, просто ги “разби“ гостите и според шансите требаше оваа победа да биде изразена со повеќе голови разлика.
“Пандевци“ беа одлични во првиот дел, но сепак во продолжение не можеа ништо против силниот Шкупи кој покажа дека и дефинитивно е зрел за титула.