ПМФЛ: Супер – дерби на Чаир, Тиквеш по изненадување во Ѓорче, Работнички гостува во Битола…

316

Прво пролетно коло, или вкупно 19., и веднаш шампионски “тест“ за лидерот, за есенскиот првак, за тимот на Шкупи. Денеска на Чаир се среќаваат првиот на табелата и вториот, Шкупи и Академија Пандев. Некој ќе каже дека е прво пролетно коло, дека е рано за дефинирање на некои работи. Но, дали е баш така?

Во случај на триумф на гостите тогаш “пандевци“ и тоа како ќе се вклучат во трката за титулата, а шанса ќе добие и Шкендија да ја направи пролетва “пеколна“.

Сепак, нели, и четата на Гоце Седлоски денеска се прашува и тоа како.

Шкендија пак ја дочекува Струга Трим Лум. Засилениот шампион е фаворит на хартија, но Струга ТЛ секогаш знаела како против Шкендија. Под Шара ќе биде многу „жешко“.

Македонија ЃП според имињата е уште посилна од есенскиот дел. Игра дома, игра во Ѓорче против Тиквеш. “Лавовите“ се во предноста, но кој може да го отпише предвреме тимот на стратегот Влатко Костов.

Работнички гостува во Битола кај Пелистер. Тимот од Градски парк се наоѓа во незавидна ситуација на табелата, ваквите мечеви мора да ги добие ако сака полека да се искачува на табелата. Тука Работнички е апсолутен фаворит, нема дилеми.

И во петтиот денешен меч од 19.коло, трет во Скопје, на Автокоманда, “пиратите“ го дочекуваат Борец уверени во своја победа и три први пролетни бодови.

Вчера во Штип гостинската Ренова со 1:2 ја победи очајната Брегалница, а денеска сите пет мечеви започнуваат во 14 часот.

ДВОЈКИ ЗА 19.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

ШКУПИ – А.ПАНДЕВ

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ

СКОПЈЕ – БОРЕЦ

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

ВЧЕРА:

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 1:2

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 42

2.А.ПАНДЕВ 35

3.ШКЕНДИЈА 34

4.РЕНОВА 30

5.БРЕГАЛНИЦА 29

6.МАКЕДОНИЈА ЃП 27

7.СТРУГА ТЛ 26

8.РАБОТНИЧКИ 22

9.СКОПЈЕ 20

10.ТИКВЕШ 15

11.БОРЕЦ 12

12.ПЕЛИСТЕР 5

ПретходноИмери пред дербито со “пандевци“: Ќе играме и за “шверцерите“!
СледноЃоревски на состанок со првиот оперативец на АБА-лига