Серхио Рамос не игра против своите

219

Искусниот дефанзивец на ПСЖ, Серхио Рамос ќе го пропушти првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Шпанецот не беше во генералната група на тренингот на парижани денеска.

Во исто време, напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, кој поради повреда на скочниот зглоб не стапнал на теренот од крајот на ноември, најверојатно ќе биде подготвен за натпреварот. Денеска тренираше со екипата.

Оваа сезона Рамос учествуваше во четири натпревари од француското првенство и еден Куп меч, постигнувајќи го и својот дебитантски гол. Првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид ќе се одигра во вторник на 15 февруари во Париз.

ПретходноВечер се игра 56. Супербоул: Дуел на екипи од кои не се очекуваше пласман во финалето!
СледноАкраповиќ: Според шансите резултатот требаше да биде 8:0!