Седлоски: Првите натпревари секогаш се тешки, им честитам на момците за победата

391

Шкупи запиша победа против Академија Пандев во првиот меч од пролетниот дел на сезоната, а тренерот на чаирчани Гоце Седлоски беше задоволен од тоа како одигра неговиот тим и од освоените три бода. Шкупи иако имаше фудбалер помалку успеа да стигне до триумф.

И пред мечот им реков на момците, првите средби секогаш се тешки и незгодни. Игравме против силен тим што е второпласиран на табелата. Во првото полувреме не бев задоволен од она што го покажавме, но како што минуваше мечот така игравме многу подобро. Јасно е, на новите фудбалери ќе им треба време за да се адаптираат, но најважно е што и со фудбалер помалку стигнавме до победата. Сега фокусот ни е на следниот натпревар и се разбира одиме на нови три бода и сочувување на првото место на табелата“, изјави Седлоски.

ПретходноРојс и Гереиро ја водеа Борусија до убедлива победа над Унион
СледноФутсал драма: Шкупи има свој „ПРОЕКТ“ во Арбен Бајрами!