Тиквеш со жестока реакција за судењето на мечот со Македонија ЃП! (ВИДЕО)

1694

Во меч од 19.коло или прво пролетно,денеска во Ѓорче екипата на Тиквеш загуби од Македонија ЃП со 1:0. По натпреварот огорчени од судењето на овој натпревар,раководството на кавадарчани директно ги обвини судиите за лошото делење на правдата на штета на гостите.

Тиквеш излезе со официјално соопштение кое ви го пренесуваме во целост…

КАТАСТРОФАЛНО СУДЕЊЕ НА СУДИСКАТА ТРОЈКА НА ДЕНЕШНИОТ НАТПРЕВАР.Натпреварот кој се одигра денес на стадионот во Ѓорче Петров, нашиот клуб е ДРАСТИЧНО оштетен од страна на Судиската тројка на чело со ПИЛЕШКОВ и неговите помошници КОСТАДИНОВ и ПЕТРЕСКИ.Во 53-та минута од натпреварот нашиот фудбалер Наумчески Стефан добива Директен црвен картон за бизарна причина и тоа спречување акција кон голот,но на снимката која што е во прилог на овој статус ЈАСНО се гледа дека нашиот фудбалер не само што ја “удира” топката и е 2 метра надвор од опасниот простор.На оваа одлука Главниот судија досудува фаул и вади жолт картон но меѓутоа Првиот помошен судија по директна СУГЕСТИЈА му кажува дека треба да додели директен црвен картон.

Да напоменеме дека помошните судии на денешниот натпревар не само што доаѓаат од Скопје, живеат во истата населба каде што се одигра и натпреварот. Тие исти судии можеме да ги гледаме и на официјални УЕФА натпревари каде што ја претставуваат пред се ФФМ но и Македонија.

Не само оваа одлука, на денешниот натпревар НИЕ бевме во многу наврати ОШТЕТЕНИ од Судиската тројка.

И на крај сакаме Да прашаме ЗОШТО денешниот натпревар кои што беше најавен пренос на ТВ ФФМ не беше во целост пренесуван и на моменти беше во прекин поради “Технички проблеми ” ?

И покрај СЕ,ГФК ТИКВЕШ нема да се откаже од својата работа а тоа е ОПСТАНОК во Првата МФЛ и ќе се бори до крај со овие неправди!

Со Почит,

ГФК ТИКВЕШ 1930 АД КАВАДАРЦИ“ стои во соопштението.

ПретходноВаленсија го штедеше Димитријевиќ пред Купот
СледноРома се спаси од пораз во 94. минута (видео)