Трагедија во Сао Паоло (Бразил). Имено за време на вчерашното финале на СКП меѓу Палмеирас и Челзи, кое се играше во Абу Даби, во бразилскиот град Сао Паоло убиен е фан на Палмеирас.
За време на мечот, но и после него, во близина на стадинот на Палмериас каде фановите се собрале за да го гледаат финалето од Абу Даби на големи монитори, навивачот кој бил затворски службеник бил убиен од огнено оружје.
Оваа информација ја потврди и полицијата во Сао Паоло.
“Дојде до тепачка меѓу навивачите, се случија големи нереди и еден маж е убиен“ стои во официалното соопштение.