Футсал драма: Шкупи има свој „ПРОЕКТ“ во Арбен Бајрами!

3289

Тензии, драми, преоден рок и многу жесток финиш има во футсал шампионатот на Македонија. Во глабвната трка за титулата се актуелниот првак Проект од Јосифово и Шкупи од „Чаир“. Минатата недела Проект славеше со 3:1 во големото дерби и се најде на чекор до титулата затоа што имаше пораз само од 1:0 од директниот дуел со директниот ривал во Скопје.

Но „чаирчани“ за неколку дена направија свој ПРОЕКТ по кој сега тие се во подобра ситуација за шампионскиот пехар. Имено во што е работата!?
Зимскио преоден ром траеше до петокот. Вио тие неколку дена Шкупи му ги „продаде“ своите 5/6 најдобри фудбалери на нивниот сосед Футсал клубот „Арбен Бајрами“ кој исто така е од Чаир. Следеше жестока реаквија на КФ Проект по што и службите во ФФМ се најдоа во тесно. Прво беше најавено дека дуелот Арбен Бајрами – Проект без никаква основа да се игра во друг град (Неготино или Кадавадарци), за да после тое се одлиучи наместо во салата во „Чаир“ овој тензичен дуел да се игра во скопската сала „Јане Сандански“.

И тој дуел се одигра денеска и во неко славеше Арбен Бајрами со 6:3. Со тоа му беше нанесен и вториот пораз на првакот ПРОЕКТ во оваа сезона со што сега Шкупи има отворен пат до пехарот на 4 кола пред крајот на сезоната.
Головите за Арбен Бајрами ги постигнаа Еркан Сефери во 7, 28 и 40 минута, Иљбер Алији во 21, Левевски во 22 и Далип во 25 минута. Гостите имаа 1:1 преку Мехмедовиќ во 14 минута а при 6:1 двапати во листата на стрелците се запиша Петровиќ за конечни 6:3.

Проект го загуби овој меч иако пред само неколку дена дома славеше со 3:1 над повеќето од играчите кои денеска играа за друг тим а таму дојдоа од големиот ривал Шкупи.
Колку е сето ова исправно треба да знаат службите во ФФМ и комисијата за футсал која не мислела на правила и прописи и рок за преопден рок кој е кативен на 4 кола пред крајот на сезоната. Со ова се чини дека Шкупи му врати на Проект за ланското сценарио која тимот од Јосифово стана првак на прекината сезона поради ковид а во пресрет на гостувањето на „Чаир“.

Табела:
1. Шкупи 39.
2. Проект 36
3. Арбен Бајрами 27
4. Железарец 22
5. Карадаку 18
6. Црна Река 15
7. Јувентус Серава 14
8. Енхалон 11
9. Шкендија 11
10. Велес 5

ПретходноСедлоски: Првите натпревари секогаш се тешки, им честитам на момците за победата
СледноВаленсија го штедеше Димитријевиќ пред Купот