И покрај фактот дека поради казна не смее да има гледачи на трибините на Чаир на дербито меѓу Шкупи и А. Пандев, фановите на чаирчани како и секогаш, и сега се снајдоа. Тие се надвор од стадионот во непосредна близина и навиваат за своите миленици.
Нема што, убава глетка, а „шверцерите“ покажаа дека секогаш се со својот Шкупи.