Нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова денеска го постигна победничкиот гол за својот тим Леванте во триумфот над екипата на Реал Сосиедад.
Нашата интернационалка погоди во 60. минута и со тоа му донесе водство, а потоа и триумф на својот тим.
Леванте во моментов е седми на табелата, додека пак Сосиедад е втор. За Андонова ова е трет гол сезонава.