Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и Валенсија го запишаа седмиот пораз оваа сезона, откако на гостувањето кај Бреоган изненадувачки беа совладани со 99-82 во рамките на 22 коло во Лига Ендеса.
Гостите беа добри во првото полувреме имаа позитива од 41-43, по што домаќинот одигра неверојатно во третата четвртина, во ист ритам продолжија и во последните десет минути.
Димитријевиќ на оваа средба одигра само пет минути. Македонскиот репрезентативец во текот на вчерашниот ден имал проблем со грбот, токму затоа и кратко влезе во игра. Нено запиша два поени, тој треба да биде фит за дуелот од шпанскиот Куп, кој се игра за пет дена.
Валенсија останува на четвртата позиција во шпанската лига со 24 бодови.