Никој во Европа како Берарди: 10 гола + 10 асистенции

155

Италијанскиот репрезентативец Доменико Берарди стана првиот фудбалер во ТОП 5 лигите во европа кој оваа сезона успеа да стигне до 10 постигнати гола и 10 реализирани асистенции. Тој на денешниот дуел на неговиот Сасуоло против екипата на Рома успеа да реализира една асистенција и да дојде до 10-тата оваа сезона во Серија А.

Претходно тој успеа да дојде и до бројката од 10 постигнати голо за Сасуоло во Серија А, со што дојде до 6. место на листата на најдобри стрелци во италијанското калчо.

ПретходноЃоковиќ до крајот на февруари ќе го загуби првото место на АТП листата?
СледноДанило го спаси Јувентус од нов пораз против Аталанта (ВИДЕО)