Откако Рома беше елиминирана од Интер во четвртфиналето во Купот на Италија, Жозе Мурињо имаше контроверзни изјави.
Откако Рома беше елиминирана од Интер во четвртфиналето во Купот на Италија, Жозе Мурињо имаше контроверзни изјави.
Португалецот на играчите им порача дека треба да одат во Серија Ц доколку се плашат од големи мечеви, а вчера на прес-конференција пред дуелот со Сасуоло, кој се игра денеска (18 часот) даде интересна изјава.
„Играчите ми рекоа дека се задоволни од мојот начин на работа. Меѓу нас нема тајни, се им кажувам во лице, ги викам на разговор. Ми рекоа дека не сакаат да се променам“, рече Мурињо, а потоа настапи на сцена.
„Сега прашајте ме за Сасуоло, во спротивно ќе си заминам“.
Од новинарите следеше уште едно провокативно прашање, истото се однесуваше на Един Џеко, кој изјави дека не очекувал дека ќе ја напушти Рома по доаѓањето на Мурињо.
„Не знам што кажал, не ме интересира“, порача Португалецот. Неговиот тим е на седмото место на табелата со 39 бода.