Рома се спаси од пораз во 94. минута (видео)

155

Екипата на Рома беше на пат да го запише 10-тиот пораз во италијанската Серија А но успеа во последните моменти од мечот да извлече реми на гостувањето кај Сасуоло 2:2. Тренерот Жозе Мурињо беше бесен по ремито со Џенова претходното коло, но очигледно неговото викање во соблекувалната не даде со плод.

Неговите избраници повторно одиграа по старо. Поведоа со голот на Тами Абрахам од пенал во финишот на првото полувреме, но во второто се распаднаа.

Само што почна вториот дел Смолинг си постигна автогол, а во 73. минута Хамед Траоре ја смести топката во мрежата на Рома. Римскиот тим се најде под притисок да го брка резултатот, а олеснителна околност донекаде им беше тоа што Сасуоло во 78. минута остана со фудбалер помалку поради црвениот картон на Ферари.

„Волчицата“ успеа да се спаси со гол на дефанзивецот Брајан Кристанте во 94. минута.

За Рома ова е четврто реми сезонава и е на седмото место на табелата, а Сасуоло е на 12. место.

ПретходноТиквеш со жестока реакција за судењето на мечот со Македонија ЃП! (ВИДЕО)
СледноВечер се игра 56. Супербоул: Дуел на екипи од кои не се очекуваше пласман во финалето!