Силекс подобар од Oсогово на „генералката“

242

иТимот на Силекс попладнево на домашен терен до одигра последниот меч за време на оваа зимска пауза пред стартот на пролетниот дел од ВМФЛ Запад. Обезбеден е триумф од 3:0 над тимот на Осогово со головите на Танушев и Цветаноски во првиот дел, односно Каланоски во продолжението.

Силекс е лидер на табелата на Западот, и најсериозен кандидат за пласман во првата лига. Кратовци одработија добар подготвителен период, како во Анталија така и во домашни услови и не би требало да има поголеми проблеми да го продолжи шампионатот онака како што го одработи есеноска.

 

ПретходноБуба Хасани се врати со гол, Шкендија сега е втора!
СледноМоќен е овој Шкупи, дефинитивно е зрел за титула! (ФОТОГАЛЕРИЈА)