Никола Јокиќ продолжува со феноменалните партии во НБА-лига. Српскиот центар одново е причина за радост во редовите на Денвер. Во последните 12 секунди до крајот на дуелот од трагичар стана херој. Торонто го испратија на линијата за слободни фрлања, до тогаш немаше промашено нуту еден шут од оваа позиција, но потоа следеа првите две промашувања.
Репторси ја земаа топката и го имаа последниот напад. Флип на четири секунди до крајот шутна тројка и го промаши целиот кош, па топката се најде во рацете на Ануноби, кој се обиде да ја забие топката. Но, се појави Јокиќ, го блокираше неговиот обид за голем триумф на Нагетси од 110-109.
Јокиќ средбата ја заврши со дабл-дабл од 28 поени и 15 скока, Грин застана на 19, додека Гордон на 13.
Со оваа победа Денвер се зацврсти на шестото место во Западот кое гарантира директен пласман во плеј-офот, има скор од 31-25.
Уште еден кошаркар од екс-ју блескаше. Лука Дончиќ постигна 45 поени, 15 скока и 8 асистенции, но тие не беа доволни за победа. Клиперси во последната четвртина успеаја да ја одржат предноста и да дојдат до минимален триумф од 99-97. Победата е уште погллема бидејќи во составот ги немаа Пол Џорџ и Кавај Леонард. Џексон со 24 поени беше најефикасен.
На останатите средби Голден стејт го совлада ЛА Лејкерс со 117-115. Томпсон и Кари на теренот функционираа како некогаш. Првиот постигна 33 поени, додека Кари запиша 24. На другата страба Леброн Џејмс имаше 26 поени и 15 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Мемфис 118-125
Њу Олреанс – Сан Антонио 114-124
Вашингтон – Сакраменто 110-123
Филаделфија – Кливленд 103-93
Торонто – Далас 109-110
Чикаго – Оклахома 106-101
Мајами – Бруклин 115-111
Далас – ЛА Клиперс 97-99
Голден стејт – ЛА Лејкерс 117-115
Феникс – Орландо 132-105