Манчестер Јунајтед не остварува резултати како би можел, ситуацијата во соблекувалната е се полоша, а зад сето ова стојат првата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо и тим менаџерот, Ралф Рангник. Португалскиот фудбалер ги критикува методите на тренерот, додека пак германскиот стручњак јавно ги критикува учиникот на најголемата ѕвезда.
Шпански „АС“ тврди дека предводникот на Јунајтед ја нема поддршката од најистакнатите фудбалери и дека истите ги предводи Роналдо. Искусниот напаѓач збесна откако Рангник во петокот потенцираше дека тој треба да постигнува повеќе голови. По оваа изјава нивните односи се целосно нарушени. Роналдо ужива во животот во Манчестер, сака да остане и следната сезона, но допрва треба да се види што ќе се случува со тренерот.
„Во Манчестер се подготвува нова бура бидејќи Рангник ова лето ќе постане спортски директор на клубот. Но, по последните случувања сето ова би можело да се промени. Раководството на клубот не сака да донесе било каква одлука до моментот кога германскиот стручњак ќе ја напушти клупата“, се вели во текстот на „АС“.
Тој е причината поради која играчите во јануарскиот рок беа пратени на позајмица, а не продадени. Новиот менаџер ќе може да смета и на нив, и секако да создаде тим по свој вкус.