Е. Пелистер без Мараш, Периќ, Радовиќ и Обрадовиќ кај Ним

393

Е. Пелистер утре го игра првиот меч од пролетниот дел од сезоната во Европската лига.

На оваа средба македонскиот вицепрвак ќе биде ослабен, во составот ќе ги нема Мирко Радовиќ, кој е повреден, Јосип Периќ кој има здравствени проблеми. Позитивни на Ковид-19 се Матео Мараш и Немања Обрадовиќ. Двајцата се асимптоматски случаи, но немаат право на влез во Франција.

Ним е единствениот тим кој го порази Е. Пелистер во првиот дел од сезоната, па Жељко Бабиќ и неговите момци, и во една ваква ситуација се надеваат на позитивен резултат, дуелот е закажан со почеток во 18:45 часот.

Повикани ракометари за натпреварот Ним – Еурофарм Пелистер:

– Мартон Секељи
– Марко Кизиќ
– Гоце Ојлески
– Бојан Маџовски
– Дејан Кукуловски
– Стипе Мандалиниќ
– Реиние Табоада
– Марио Танковски
– Мартин Велковски
– Јосип Божиќ Павлетиќ
– Ненад Костески
– Елмир Граџан
– Никола Маркоски
– Милорад Кукоски

Отсутни ракометари:
* Мирко Радовиќ (повреда)
* Јосип Периќ (болест)
Матео Мараш и Немања Обрадовиќ (позитивни асимптомски случаи на ковид-19 на задолжителното тестирање пред заминување во Франција. И покрај вакцинацијата на целиот ростер, за влез во Франција задолжителен е ПЦР тест).

ПретходноБарди во Леванте до 2024 година
СледноИнцидент во Велес и прекинат меч: Нападнат еден од судиите (ВИДЕО)