Избега од Канада и освои олимписко злато за САД

206

Кајли Хамфрис освои златен медал за САД во монобоб санкање во женска конкуренција, што е нова дисциплина на Зимската олимпијада во Пекинг. Таа оствари време од 4:19.27 минути што е за повеќе од една секунда подобро време од Американката Елана Мејерс Тајлор која се закити со среброто. Трета е Кристине де Бруин од Канада.

Интересно, Хамфрис е родена во Канада. Таа беше дел од бобтимот на Канада на претходните три Олимпијади, но во 2019 година се откажа откако ја обвини Федерацијата за психолошко насилство и понижување. Таа се пресели во САД и одлучи да ги брани нивните бои.

Беше вклучена во тимот на бобсанкање во февруари 2022 година, само два месеци откако доби американско државјанство.

Инаку ова е нејзино прво злато во монобоб на Олимпијадите, а претходно како членка на канадскиот тим освои злато во двојки во Ванкувер 2010 и Сочи 2014 и бронза во Пјонгчанг 2018.

ПретходноНавивачот на Шалке и неговата вештина во носење пиво (видео)
СледноСелтикс и Татум до осмиот едноподруго триумф