Колку и да се самоуверени дека ќе ја победат Македонија на 24 март во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар, се чини дека сепак стравуваат. Да потсетиме дека овој историски меч се игра во Палермо, а победникот ќе оди во финалната рунда против подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.
Па така со цел што подобро да се подготват пред мечот со Македонија, на барање на селекторот Роберто Манчини, Фудбалската федерација на Италија побарала од Серија А одложување на колото кое треба да се игра на 19-20 март.
Се очекува ова барање на Федерацијата челниците на Серија А да го прифатат.