И Велковски со оптимизам: Имаме шанса против Ним, играме добро!

86

Македонските претставници во европските клупски натпреварувања се враќаат на своите обврски. А прв терен по паузата ќе истрча Е. Пелистер. Битолчани одиграа одлично во првиот дел, а за тоа говори и табелата. Прикажаа добри игри и веќе се на добар пат да се најдат во следната рунда.

Токму тие натпревари, но и мечевите во домашното првенство и оној во СЕХА-лига, ја подигна самодовербата пред новите европски битки. Со голем оптимизам гледа македонскиот репрезентативец, Мартин Велковски.

„Мислам дека нè чека тежок натпревар, бидејќи Ним е квалитетна екипа и тоа го покажа низ Европската лига. Мислам дека ќе биде поразличен натпревар од оној во Битола. Тогаш ние влегувавме во форма, а тие беа во врвот на нивната игра. Сега мислам дека играат малку послабо. Детално ги анализираме, еве вчера играа натпревар од француската лига. Мислам дека постои шанса, бидејќи играме добро и сме се подобри и подобри и се надевам дека ќе ја продолжиме нашата серија.

Мислам дека заслужено ја направивме залихата во групата, бидејќи навистина добро игравме. Ни следат и домашни натпревари во Европската лига, целиме на победи и на тие натпревари и се надеваме на подобар пласман на минатогодишниот во групната фаза“, изјави Веловски.

Македонскиот репрезентативец смета дека мечевите со Партизан и Бутел Скопје дошле во вистинско време, токму пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Европската лига.

„Дуелите со Партизан и Бутел беа добра подготовка. Видовме како е да се игра под притисок. Непосакуван беше натпреварот во Бутел, но густ е распоредот и одеднаж ни дојдоа многу натпревари. Можеби тоа нè разбуди и мораме да бидеме подобри и не смее да дојде до опуштање“.

ПретходноБабиќ: Сакаме и веруваме дека можеме да извлечеме добар резултат против Ним
СледноИОК нема да и додели медал на Камила Валиева – доколку освои!