Судот за спортска арбитража во Лозана ги отфрли барањата на руската тинејџерка Камила Валиева да и се изрече суспензија поради позитивен допинг примерок од декември. Таа го воодушеви светот откако стана првата лизгачка во историјата која извела четирискок (четирикратен луц) во олимписка конкуренција (тоа го направиле и други натпреварувачи но ниту еден не се обидел на Олимпијада). Таа во тимското натпреварување на ЗОИ направи дури два, а се обиде и трет но, за жал, падна.
Потоа избувна скандалот откако се дозна дека користела триметазидин, лек против ангина пекторис и вртоглавица, па организаторите го одложија доделувањето на медалите. ВАДА го забранила и го ставила на листата на регулатори на хормоните.
Петнаесетгодишната Валијева била позитивна на тестот направен на 25. декември, на 8. февруари била привремено суспендирана, меѓутоа Руската антидопинг агенција (РУСАДА) следниот ден ја укинала таа одлука. Сега и Арбитражниот суд и дозволи на младата Валијева да го продолжи настапот на ЗОИ во Пекинг и во вторник ќе се бори за златото во уметничко лизгање во индивидуална конкуренција.