Пол Мерсон отворено: Јунајтед ако сака да тргне напред, треба да го „шутне“ Рангник

236

Манчестер Јунајтед сезонава го назначи германскиот стратег Ралф Рангник на кормилото, далеку е од титулата во Англија, стравува за место во Лигата на шампионите, а доживеа елиминација од ФА купот од Мидлсброу.

Поранешниот англиски репрезентативец Пол Мерсон кој сега е фудбалски аналитичар вели дека Рангник мора што побрзо да си замине од клубот, односно да не му биде дозволено да остане менаџер и по завршувањето на сезоната.

Тој мора да си оди во тоа сум сигурен 100%. Јас имам подеднакви шанси да бидам нивен менаџер. Прочитав дека велат оти се подобриле, но тоа не го гледам. Не ја гледам среќата. Како што се движи работата ќе бидат шокирани ако го остават во управата и ако екипата не обезбеди пласман во топ 4. Знам дека тоа беше дел од договорот, но мислам дека Јунајтед погреши. Сметам дека ова треба да прекине порано отколку подоцна“, вели Мерсон кој не може да сфати како се плаќаат огромни суми за играчи, а не сакаат да потрошат повеќе пари за менаџер.

Не ми се верува што прават. Се чека на идната сезона за да се донесе нов менаџер, а има многу работа која треба да се заврши. Не треба само да се донесе менаџер и да се вели ја завршивме работата. Треба добро да се размисли. А што се случува. Плаќаат 70-80 милиони фунти за фудбалери, а некои од нив дури и не играат. Зошто не го одврзат ќесето да платат за тренер кој ќе направи сериозни промени. Ти се исто толку важни колку и фудбалерите“, вели некогашниот играч на Арсенал.

ПретходноБилетите за историскиот меч во Палермо по цена од 80 до 220 евра
СледноАријан Адеми во тимот на колото во ХНЛ