„Првата половина од последните неколку недели беше навистина добра. Во нив не примивме ниту еден гол. Следниот чекор е да останете фокусирани до крај – физички, психички и тактички. Ситуацијата е јасна. На 11 од 13 натпревари под мое водство го постигнавме првиот гол, но не ги добивме сите мечеви за жал. Навистина е тажно беше што не успеавме да победиме на последните три натпревари“ – изјави Рангник на прес конференцијата пред утрешниот меч со Брајтон па додаде.
„Четвртото место во моментов е она што му треба Јунајтед.Во Лигата на шампионите се надеваме дека ќе продолжиме во следната рунда. Ова е за оваа сезона. Тука сум десетина недели, и веќе знам што ми треба за следната сезона. Сепак, сега не е време да се разговара за тоа. Моментално фокусот ми е на утрешниот натпревар, потоа во недела, следната среда итн. Целосно сум фокусиран на актуелниот состав и на постигнување максимум до крајот на оваа сезона“ – изјави Рангник.
Фред влегува во состав, Кавани и Матиќ се во „аут“