СУПЕРБОУЛ: Рамс после пресврт во финишот ја освои титулата

191

Лос Анџелес Рамс е победник на 56. издание на Супербоул по победата во финалето над Синсинати Бенгалс со 23:20. Мечот се одигра на „Софај стејдиум“ во Калифорнија и е дом на Рамс.
Првата четвртина го доби Рамс со 7:3, па следуваше подобра игра на Бенгалс па пред влезот во четвртиот период гостите имаа предност од 20:16. Во финишот проработе моќната дефанзива на Рамс, а по тачдаун на магичниот Купер Кап го свртеа резултатот на 23:20. Но останаа уште 85 секунди за Бенгалс, но Бароу лошо уфрли за напад, а во наредната акција резервниот ранинг бек Пирајн беше запрен со што на гостите не им остана време за поен и да го завршат мечот во своја корист.

За најдобар играч е прогласен рисиверот Купер Кап кој постигна два тачдауна, вкупно шест во овој плеј-оф. Тој исто така е прогласен и за најдобар офанзивен играч на годината.
Притоа нивниот тренер Шон Меквејн со 36 години е најмладиот тренер кој се искачил на тронот во НФЛ.
Бенгалс не успеа да стигне до првиот трофеј во историјата. Во претходните два обиди, во осумдесеттите години на минатиот век беа запрени од Сан Франциско Фортинајнерс.

Рамс стана третиот клуб во НГЛ кој го освоил Супербоул како претставник на два различни градови, првата титула во 2000 година ја освои под името Сент Луис Рамс (Такво нешто направиле уште Колтс како претставници на Балтимор и Индијанаполис, односно Ренџерс како дел од Оукленд и Лос Анџелес).

ПретходноСпас во 96. минута: Еспањол и по 4 години остана без победа против Барса (ВИДЕО)
СледноФранцуска танцова двојка освои злато на ЗОИ и постави светски рекорд