Алегри: Со сета почит кон Милан и Наполи, но Интер ќе биде шампион на Италија

232

Јувентус одигра 1:1 против Аталанта во Бергамо со што е на четвртото место на табелата во Серија А. По мечот тој призна дека „Старата дама“ нема преголеми шанси за освојување на титулата оваа сезона.

Јуве има 46 бода, водечкиот Милан има девет бодови повеќе, Интер осум, а Наполи седум.

Кој ќе го освои првенството? Интер. Со сета почит кон Милан и Наполи меѓутоа Интер има најсилен тим во моментов.
Тие се подобри од нас и се далеку понапред. Ние изгубивме многу бодови на отворањето на сезоната. Да имавме барем четири бодови повеќе, сега ќе имавме вистинска забава на врвот
“, изјави Алегри кој додаде дека неговиот тим ќе размислува за освојување на четвртото место кое води во ЛШ што е главна цел на клубот оваа сезона.

ПретходноСелтикс и Татум до осмиот едноподруго триумф
СледноФудбалер на Барса ги провоцираше играчите на Еспањол: Местото ви е во Втора лига