Аријан Адеми во тимот на колото во ХНЛ

292

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми се најде во „дрим тимот“ за 23. коло во хрватскиот шампионат. Динамо Загреб славеше на домашен терен против Горица со 2-1, а Адеми беше стрелец на еден од двата погодоци.

Нашиот репрезентативец се запиша во листата на стрелци во 55.минута, со неговиот гол Динамо поведе со 1-0. Она што е важно е дека токму Стефан Ристовски, капитенот на нашиот најдобар национален тим беше асистент.

Тоа беше убава акција на шампионот, нафрлување на десната страна до Ристовски, а овој ја уфрли топката на втората статива, а таму Адеми ја смести во голот.

ОВАА АКЦИЈА МОЖЕТЕ ДА ЈА ВИДИТЕ НА ОВДЕ

ПретходноПол Мерсон отворено: Јунајтед ако сака да тргне напред, треба да го „шутне“ Рангник
СледноВо Јунајтед се подготвува „бура“ – ја предводи Роналдо!