Македонската фудбалска репрезентација на 24. март во Палермо го игра историскиот меч против Италија. Селекторот Боби Милевски и неговите момци полуфиналниот бараж дуел за место на Светското првенство во Катар го играат на стадионот „Ренцо Барбера“, а билетите за оваа средба веќе се во продажба.
Цените се малку „солени“, најефтиниот билет чини околу 80 евра, додека најскапиот изнесува 222 евра.
Добро е познато дека се игра само една средба, победникот ќе вкрсти во финалето со подобриот од Турција и Португалија.