Мечот меѓу Аргес и Миовени (1:0) помина во знакот на два автоголови од кои едниот беше понитшен поради неверојатна причина. Прво, во 6. минута крилниот фудбалер Оансе си ја затресе мрежата и тоа беше регуларниот автогол.
Во 15-тата минута падна бизарен гол. Голманот на Миовени Попеску ја зема топката после гол-аут, прво сакаше да ја испрати топката напред, но се премисли и ја шутна кон соиграчот кој стоеше пред голот. А топката го погоди неспремниот играч и отскокна во голот.
Но судијата Овидиу Хацеган го поништи погодокот иако имаше силни реакции од домашниот тим.
Причината била тоа што топката скокала во моментот кога Попеску ја вратил во игра. И покрај протестите на играчите на Арда голот беше поништен. Сепак бодовите завршија кај домашниот тим.
Breaking: The best own goal in the history of football was just scored in the Romanian top flight.
The ref canceled it because the ball was still bumping when the keeper hit it. Scenes! pic.twitter.com/wkN2E2ASDD— Emanuel Roşu (@Emishor) February 13, 2022