Е. Пелистер утре го игра првиот меч од пролетниот дел од сезоната во Европската лига.
На оваа средба македонскиот вицепрвак ќе биде ослабен, во составот ќе ги нема Мирко Радовиќ, кој е повреден, Јосип Периќ кој има здравствени проблеми. Позитивни на Ковид-19 се Матео Мараш и Немања Обрадовиќ. Двајцата се асимптоматски случаи, но немаат право на влез во Франција.
Ним е единствениот тим кој го порази Е. Пелистер во првиот дел од сезоната, па Жељко Бабиќ и неговите момци, и во една ваква ситуација се надеваат на позитивен резултат, дуелот е закажан со почеток во 18:45 часот.
Повикани ракометари за натпреварот Ним – Еурофарм Пелистер:
– Мартон Секељи
– Марко Кизиќ
– Гоце Ојлески
– Бојан Маџовски
– Дејан Кукуловски
– Стипе Мандалиниќ
– Реиние Табоада
– Марио Танковски
– Мартин Велковски
– Јосип Божиќ Павлетиќ
– Ненад Костески
– Елмир Граџан
– Никола Маркоски
– Милорад Кукоски
Отсутни ракометари:
* Мирко Радовиќ (повреда)
* Јосип Периќ (болест)
Матео Мараш и Немања Обрадовиќ (позитивни асимптомски случаи на ковид-19 на задолжителното тестирање пред заминување во Франција. И покрај вакцинацијата на целиот ростер, за влез во Франција задолжителен е ПЦР тест).