Порто за кого настапува македонскиот репрезентативец, Никола Митревски стави крај на една неверојатна серија. Во рамките на домашниот шампионат тимот на искусниот голман беше совладан од Бенфика со 33-36, ова прв пораз по дури 71 натпревар.
Порто до оваа средба имаше 60 победи, последниот пораз го забележа исто од Бенфика во 2019 година.
За Митревски и неговите соиграчи ова беше прв пораз оваа сезона, со еден меч помалку и победа помалку се наоѓаат зад лидерот Спортинг.