Славниот португалски фудбалер Рикардо Кварезме е познат како пргав фудбалер и не трпи неправди на теренот. Знае понекогаш да ги изгуби нервите и да направи непромислен потег, а во европскиот фудбал остави длабок печат играјќи за големи клубови.
Сега на 38-години игра за Гимараеш, а неговата реакција на мечот со Белененсес предизвика реакција. Играчот на Белененсес Соуса во судиското продолжение на времето проба да украде време со тоа што лежеше на теренот и се жалеше на повреда на ногата. Тој требаше да биде заменет, а Соуса прво седна и се пожали на болки во ногата.
Но на тоа не поверува Кварезма кој одлучи да реагира со тоа што го крена и на раце го носеше надвор од теренот. По реакција на неколку фудбалери, Кварезма го пушти Соуса кој застана на нозе и почна да му дофрла на искусниот фудбалер.
Белененсес победи со 1:0.
Belenenses-SAD were beating Vitória 1-0 in extra time when Afonso Sousa got “injured.”
This is how Ricardo Quaresma reacted:pic.twitter.com/9IiKpcw73Y
— Zach Lowy (@ZachLowy) February 13, 2022