Конте: Со оваа форма невозможно е да се пласираме во ЛШ

161

Менаџерот на Тотенхем Антонио Конте призна дека со формата во која се наоѓа неговиот тим тешко дека ќе се успее да се стигне до едно од првите четири места на табелата во Премиер лигата кои водат во Лигата на шампионите. Лондончани запишаа три едноподруго порази во првенството што е за прв пат по 2009 година, а во моментов се оддалечени пет поени од четвртото место.

Кога ќе изгубиш два натпревари дома и дерби со Челзи, невозможно е да се пласираш во Лигата на шампионите. Знам дека треба да се бориме за да направиме нешто значајно, но треба и да ја погледнеме ситуацијата. Можеби нашите фанови не треба да се разочарани од поразот туку треба да останат зад нас и да ни дадат сила. А играчите треба да ја почувствуваат атмосферата и да не бидат пристискани за нешто што не можат да го достигнат во моментов. Ајде да бидеме реални. Навивачите мора да разберат дека е потребно трпение. Мораме да одиме чекор по чекор. Никој не направил ништо наеднаш“, изјави Конте.

ПретходноПознат распоредот: Пелистер и ТФТ го отвараат Купот
СледноЗаврши неверојатната серија на Порто и Митревски од 71 меч без пораз!