Од Македонија ЃП одговорија на жестоките реакции на Тиквеш по меѓусебниот дуел

1056

Во меч од 19.коло или прво пролетно во Ѓорче екипата на Македонија ЃП го совлада Тиквеш со 1:0. По натпреварот кавадарчани се огорчени од судењето на овој натпревар,раководството на клубот директно ги обвини судиите за лошото делење на правдата на штета на гостите.
Одговорот на Македонија ЃП ви го пренесуваме во целост:

Вчерашниот натпревар со ГФК Тиквеш се одигра во крајно фер и спортска атмосфера и затоа сме изненадени од нивната реакција со која го омаловажуваат нашиот труд и нашиот успех на тој натпревар.

Црвениот картон кој го добија е поради грешка само на нивниот играч, кој како последен играч играше со рака и спречи очигледна шанса за гол.
Асистентите кои беа делегирани на натпреварот се едни од нашите најдобри со големо меѓународно искуство и местото каде што живеат воопшто не игра улога на тоа како судат.
Да оставиме на Судиска Организација да си ја врши работата бидејќи тие се најстручни да го коментираат судењето.
Се надеваме дека оваа реакција на ГФК Тиквеш е непромислена и без лоша намера но ние како клуб мора да го заштитиме нашиот углед кој го градиме со чесно работење и вложување поготово во последните неколку години како стабилни прволигаши секогаш во борба за позициите кои водат во Европа.
ФК Тиквеш и понатаму ќе биде почитуван од нас и покрај овој непрофесионален потег.
Спортски поздрав ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ !

 

Тиквеш со жестока реакција за судењето на мечот со Македонија ЃП! (ВИДЕО)

ПретходноВо Романија падна еден од најбизарните автоголови, а беше поништен поради неверојатна причина (видео)
СледноПознат распоредот: Пелистер и ТФТ го отвараат Купот