Во меч од 24.коло во Ла Лига, Мајорка успеа да го победи Атлетик Билбао со 3:2 во навистина феноменален натпревар. По водството во првиот дел од 2:0, со головите на Севила и Анхел во 22. и 30.минута домашните сметаа се е готово. Но така не мислеше гостинскиот тим од Билбао, па во продолжение од средбата, за само две минути во 59.и 61., Гарсиа и Беренгиер го израмнуваат резултатот на 2:2.
Се играше 88.минута кога Кубо стрелаше за конечни 3:2 за тимот на Мајорка.