Утре со почеток во 21 часот се игра првиот дуел од осминафиналниот двомеч меѓу ПСЖ и Реал Мадрид. Секако дека цел фудбалски свет едвај го чека овој меч кој се игра во Париз, а реваншот во Мадрид. Ова е дербито на осминафиналето во Лигата на Шампионите, ова е фудбалска класика.
Инаку последните вести од таборот на ПСЖ велат дека во нападот на тимот на тренерот Маурицио Покетино најверојатно ќе се најде и бразилската мега – ѕвезда Нејмар. Тој полека заздравува, повредата на скочниот зглоб е минато и дека се очекува да добие шанса. Можеби не како стартер, но во продолжение од средбата секако.
Па така нека му ја мисли Реал Мадрид. Мбапе, Меси, Нејмар е триото кое најмногу го загрижува стратегот на мадриѓаните Карло Анчелоти.
Инаку и дефинитивно во тимот на ПСЖ нема да се најде Серхио Рамос, некогашниот капитен на Реал Мадрид.
ФОТО: Twitter