Се чини дека Работнички има нов фудбалски “бисер“. Неговото име е Теодор Николовски кој вчера на мечот со Пелистер во Битола забележа свој деби – настап со само 16 години и три месеци.
Пред некој ден раководството на Работнички потпиша професионален договор со супер – талентираниот фудбалер кој потекнува од школата на клубот.
“Мислам дека имаме нов супер – талентиран фудбалер. Неколку месеци тренира со првиот тим, требаше да го има дебито уште во есенскиот дел, но тогаш немаше полни 16 години. Затоа сите чекавме со нетрпение да дојде пролетниот дел и да му се даде шанса да заигра за првиот тим. Станува збор за играч за врска, кој има неверојатна фудбалска интелегенција. Мислам дека е на рамниште на Елиф Елмас, Давид Тошевски и Лука Станковски кога тие имаа 16 години. Сепак се зависи од него како ќе се развива“ изјави за “Спортмедиа“ спортскиот директор на Работнички Горан Станковски.