Работнички потпиша нов Американец!

384

Во Работнички тргнаа работите. Откако тимот од „Градски парк“ стана топовско „месо“ за екипи кои во едни други времиња можеа само да сонуваат за победа, а истовремено најтрофејниот кошаркарски колектив забрзано почна да оди кон плеј-офот, се потпишаа нови засилувања.

Уште еден Американец ќе го засили ростерот на Игор Михајловски. Станува збор за Џејлен Геди, кошаркар кој игра на бековската позиција, а кој во 2020 година бил пријавен на НБА-драфтот, но не бил одбран од ниту еден тим. Тој настапувал за Универзитетот Свети Августин во 2019/2020.

Работнички претходно се договори со репрезентативецот на Девствените Острови, Дион Едвин.

ПретходноАндреас Трајковски во Данска урна рекорд – стар 27 години!
СледноРогановиќ останува селектор на Црна Гора, скандалот ќе се решава интерно!