Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изјави дека веќе знае што треба да се направи во текот на летото за да го направи тимот поконкурентен следната сезона. Пред тоа, сепак, „црвените ѓаволи“ треба да се борат за топ 4, а првата цел е да почнат во текот на нивните натпревари да го прават она што го правеа последните недели во првото полувреме.
Што се однесува пак до играчкиот кадар, менаџерот на Јунајтед рече дека во составот се враќа Фред, додека пак Кавани и Матиќ се повредени.