Селтикс и Татум до осмиот едноподруго триумф

91

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја победија екипата на Атланта Хокс со резултат 105:95 во НБА лигата и со тоа ја потврдија одличната форма со оглед на тоа дека ова им беше осми едноподруго триумф.

Инаку Селтикс имаше проблеми на стартоа зато што по првата четвртина имаа негатива од 11 поени, а ни до краот на полувремето не се поправија затоа што губеа со 45:55. Во третата четвртина се разбудија и направија пресврт. Во таа делница постигнаа дури 42 поени, па во финишот само им остана рутински да ја завршат задачата.

Кај Бостон феноменална партија одигра Џејсон Татум со дабл-дабл ефект од 38 поени и 10 скокови, а имаше помош и од Браун кој постигна 17 поени.

Кај Атланта Јанг постигна 30 поени, а Богдановиќ уфри 26 поени.

Бостон е на шестото место на Истокот со 33 победи и 25 порази, додека Атланта е десетта со скор 26-30.

Од другите натпревари Минесота Тимбервулвс беше подобра од Индијана со 129:120.

ПретходноИзбега од Канада и освои олимписко злато за САД
СледноАлегри: Со сета почит кон Милан и Наполи, но Интер ќе биде шампион на Италија