Сандеј Адетунџи и се е кажано. Нигерискиот напаѓач на Шкупи пролетва ја започна со стил, со два гола во супер – дербито со Академија Пандев за голема победа. Инаку Сандеј продолжи онаму каде што застана минатата есен. Тој беше играч на 18. коло или последно во есенскиот дел, а сега е играч на 19. коло или прво пролетно.
Покрај него во тимот на колото од Шкупи се и Наумовски и Куевен. Шкендија славеше над Струга ТЛ со 3:1, добра игра на шампионот под водство на Елези, Гури и Бејтулаи.
Покрај овие шестмина, во тимот на колото се и Серафимовски и Илиески од Ренова, потоа Ристовски од Работнички, Раџен од Борец и Адем од Македонија ЃП.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
САНДЕЈ АДЕТУНЏИ
Тим: Шкупи
Роден: 10.12.1997 во Нигерија
Кариера: Енуимба, Абиа Вориорс, Лоби Старс (Нигерија), Прибрам (Чешка), Платеу Јунајтед, Риверс Јунајтед (Нигерија), Шкупи