ФИФА ја објави казната за Бразил и Аргентина по онаа лакрдија во мечот за квалификациите за СП во Катар, која се случи минатата есен во Сао Паоло. Колку за потсетување овој натпревар се играше само три минути, за да потоа истиот биде прекинат и тоа поради обидот на домашните здравствени лица заедно со полицијата да уапсат четворица гостински фудбалери поради прекршување на Ковид-19 протоколите.
Мечот ќе се преигра, а двете селекции се парично казнети. Бразилската конфедерација е казнета со 550.000 швајцарски франци а Аргенската фудбалска асоцијација со 250.000 швајцарски франци.