Фудбалер на Барса ги провоцираше играчите на Еспањол: Местото ви е во Втора лига

256

Барселона во градското дерби со Еспањол успеа да извлече „жива глава“ и да не изгуби со голот на Лук де Јонг во шестата минута од продолжението на мечот. На натпреварот беше тензично, беа исклучени Жерар Пике од едната и Нико Меламед од другата страна, а во 97. минута поцрвене и Ману Морланес на клупата на Еспањол.

Колку беше тензично зборува и непромислениот гест на дефанзивецот на Барселона Роналд Араухо кој по мечот ги провоцираше противничките фудбалери гестикулирајќи им два прста алудирајќи на тоа дека градскиот ривал треба да игра во втората лига.

Потоа се извини за тоа.

„Сакам да им се извинам на навивачите и на луѓето кои го сакаат и поддржуваат Еспањол поради неспортскиот потег. Сето ова е резултат на тензијата која растеше на дербито. Сметам дека сум личност која ги почитува другите ривали и клубови и не се гордеам на тоа што го направив.

Затоа се извинувам на сите. Мораме да го почитуваме ривалот, судијата и противничките навивачи, но тензиите на теренот понекогаш не тераат да направиме непромислени потези. Жалам за тоа што се случи, не требаше да реагирам така“, изјави Араухо.

 

ПретходноАлегри: Со сета почит кон Милан и Наполи, но Интер ќе биде шампион на Италија
СледноКварезма полуде откако противничкиот играч реши да „глуми“ повреда (видео)