Во Романија падна еден од најбизарните автоголови, а беше поништен поради неверојатна причина (видео)

382

Мечот меѓу Аргес и Миовени (1:0) помина во знакот на два автоголови од кои едниот беше понитшен поради неверојатна причина. Прво, во 6. минута крилниот фудбалер Оансе си ја затресе мрежата и тоа беше регуларниот автогол.
Во 15-тата минута падна бизарен гол. Голманот на Миовени Попеску ја зема топката после гол-аут, прво сакаше да ја испрати топката напред, но се премисли и ја шутна кон соиграчот кој стоеше пред голот. А топката го погоди неспремниот играч и отскокна во голот.
Но судијата Овидиу Хацеган го поништи погодокот иако имаше силни реакции од домашниот тим.
Причината била тоа што топката скокала во моментот кога Попеску ја вратил во игра. И покрај протестите на играчите на Арда голот беше поништен. Сепак бодовите завршија кај домашниот тим.

ПретходноКварезма полуде откако противничкиот играч реши да „глуми“ повреда (видео)
СледноОд Македонија ЃП одговорија на жестоките реакции на Тиквеш по меѓусебниот дуел