Данило: Бев во многу клубови, но во Јувентус сум најсреќен

122

Бразилскиот дефанзивец Данило во 2019 година направи трансфер од Манчестер Сити во Јувентус. По вчерашниот меч со Аталанта тој зборуваше за тоа колку е среќен во редовите на „Старата дама“ и колку овој клуб е скроен за него.

Играв во многу клубови во различни држави, но во ниту еден не можев да бидам среќен, да го искажам сиот свој потенцијал, да играм фудбал со леснотија. Се трудев колку што можев но на крајот на денот не беше тоа на што се надевав. Во Јувентус ја пронајдов среќата, тука сум вистинскиот Данило“, изјави бразилскиот бек.

Данило ја почна кариерата во Атлетико Минеиро, потоа играше една сезона во Сантос, па се пресели во Европа прво во Порто, па во Реал Мадрид од таму во Манчестер Сити и сега е во Јувентус.

Со Сантос ја освои Паулиста и Копа Либертадорес во 2011, со Порто два пати беше шампион на Португалија, со Реал Мадрид еднаш ја освои Ла Лига и два пати беше европски првак, еднаш и светски клупски првак, со Сити два пати триумфираше во Премиер лигата.

Со Јувентус ја прослави титулата во Серија А во 2019/20 како и Купот наредната сезона. И покрај тоа што во другите клубови забележа подобри успеси што се однесува на трофеите, за Данило Јувентус е вистинскиот клуб, тоа што го посакува.

ПретходноЊукасл нема среќа сезонава, се повреди Трипие
СледноАлександар и Марјан, дел од финалниот круг среќни добитници на наградната игра 2win.Mk