Рогановиќ останува селектор на Црна Гора, скандалот ќе се решава интерно!

286

Зоран Рогановиќ, селекторот со кој Црна Гора дојде до историското 11. место на Европското првенство 2022 и натаму ќе остане на клупата на оваа репрезентација. Оваа информација ја потврди првиот човек на тамошната федерација, Петар Каписода.

„Мислам дека по сето она што го покажа како селектор во изминатите три години, пред се остварените резултати, заслужи да продолжи да работи со овој тим и да го продолжи континуитетот на учество на големите натпреварувања“, изјави претседателот на црногорската федерација.

Добро е познато дека по завршување на континенталното натпреварување во редовите на Црна Гора изби скандал. Рогановиќ и спортскиот директорм Драшко Мрваљевиќ ја „спукале“.

На оваа тема првиот човек на ракометната федерација се огласи кратко.

„Ваквите работи, како и до сега ќе ги решаваме интерно“, порача тој, не откри ниту еден детал. 

ПретходноРаботнички потпиша нов Американец!
СледноБилетите за историскиот меч во Палермо по цена од 80 до 220 евра