Ѓорѓиевски, тренерот кој му донесе историја на Ангели го напушти „кормилото“

1468

Дебитантот во Првата лига, Ангели во продолжение на сезоната останува без тренерот кој е еден од најзаслужните за историскиот влез во македонската кошаркарска елита, како и за победите кој овој тим ги запиша.

Горан Ѓорѓиевски повеќе не е тренер на тимот од Кисела Вода, двете страни спогодбено ја раскинале соработката, дознава СПОРТМЕДИА.

Младиот тренер на клупата на Ангели беше три и пол години, не само што го однесе тимот во Првата лига, туку придонесе за идните млади кошаркари да чекорат по вистинските патеки, дел од нив веќе редовно добиваа шанса на сите мечеви и во изминатите години созреваа под негово водство.

Ѓорѓиевски тимот го напушта со скор од две победи и 13 порази, еден од триумфите ги запиша на сметка на Работнички.

ПретходноРангник: Знам што треба да направиме до крајот на оваа сезона и што треба да се направи за следната
Следно„Штркчињата“ за малку до сензација, МЗТ Скопје се испоти за бодовите