Герет Бејл пред девет години во редовите на Реал Мадрид стигна како големо засилување од Тотенхем, но се чини не успеа да ги исполни очекувањата.
Герет Бејл пред девет години во редовите на Реал Мадрид стигна како големо засилување од Тотенхем, но се чини не успеа да ги исполни очекувањата.
„Кралскиот“ тим за него одвои 100 милиони евра во 2013 година, но според многумина тој не го даде најдоброто во дресот на овој клуб.
Бејл со Реал Мадрид успеа да освои се што можеше, зад него има неколку скандали и несогласувања со навивачите.
Откако летоска се врати од Тотенхем каде беше испратен на позајмица, многумина беа изненадени од оваа одлука, истата се покажа како лоша за него.
Одигра четири меча во досегашниот дел од сезоната и постигна само еден гол. Неговиот договор со Реал Мадрид завршува на крајот на сезоната и сега веќе е јасно дека Бејл нема да остане.
Ова го потврди и тренерот, Карло Анчелоти.
„Бејл има многу проблеми со повредите оваа сезона, исто така истекува и неговиот договор. Можеби не е доволно мотивиран, но сака да ја заврши својата приказна во Реал Мадрид она како што заслужува. Важно е да заврши како што треба, навистина го заслужува тпа“, рече Анчелоти.